| |

Инвестиција од 90 милиони долари во производство на авионски мотори во Пловдив ќе отвори 170 работни места

Бугарскиот вицепремиер и министер за економија, инвестиции и индустрија Александар Пулев најави инвестиција од 90 милиони долари во високотехнолошко производство на авионски мотори во Пловдив, Бугарија, јавува БНТ. Според Пулев, со инвестицијата ќе се отворат 170 работни места за висококвалификуван кадар.

„Инвестицијата е на турскиот гигант „Тусаш Енџин Индастрис“, со учество на американската компанија „Џи И Аероспејс““, рече Пулев на заеднички брифинг во седиштето на бугарската влада со турскиот амбасадор во Бугарија, Мехмет Саит Ујанак, и претставници на инвеститорот.

Пулев посочи дека инвеститорот ја избрал Бугарија во конкуренција со уште две локации. Погонот во Пловдив ќе биде првиот производствен капацитет на турската компанија надвор од нејзиниот домашен пазар. Според Пулев, изборот на Бугарија за оваа стратешка инвестиција е јасен знак на доверба во политичката стабилност на земјата.

Слични Објави