(ВИДЕО)Шест годишно дете од Бугарија стана олимписки првак во математика

Мартин Матов на 6 години, од соседна Бугарија стана олимписки првак во една од најтешките олимпијади во математика, што се одржа во Банкок, Тајланд. Љубовта на малиот генијалец кон бројките се појавува кога е сосема мал и ги набљудува бројките на автомобилските таблички.

Мартин започнува да оди по натпревари по математика од својата четврта година. Негов најголем успех е титулата од Олимпијадата во Бангкок. Таму малиот математичар се натпреварува со уште 1500 деца.

Мартин вели дека задачите на Олимпијадата биле лесни.

“Навистина сакам секоја мајка да го доживее ова чувство, кога нејзиното дете постигнува успеси на меѓународна сцена“, вели Милена Александрова, мајка на малиот Мартин.

Уште еден човек стои зад успехот на Мартин, а тоа е неговата учителка Ирина Шопова. Таа вели дека задачите што ги решава Мартин се за трето одделение.

“Ние навистина веруваме дека тој има извонреден талент и вештини”, вели таткото на момчето, Цветомир Матов.



Слични Објави