|

УКРАИНА ГО ПОВЛЕЧЕ ПРВОТО СООПШТЕНИЕ ЗА НЕСРЕЌАТА ВО ИРАН

Амбасадата на Украина во Иран го замени соопштението за авионот кој се урна во Техеран, Иран во кое како причини за несреќата беа исклучени терористички или ракетен напад. Амбасадата во новото соопштение наведува дека причините за несреќата се утврдуваат, како и дека претходното соопштение за причините не е официјално.

„Информациите за причините за авионската несреќа ги утврдува комисија. Секое соопштение кое се однесува на причините пред одлуката на наведената комисија не е официјално“, соопшти украинската амбасада.

Во првото соопштение кое беше објавено на веб-страницата на амбасадата, кое е отстрането, терористички напад е отфрлен како можна причина за падот, со наведување дека првичните информации сугерираат на неисправност на моторот.



Слични Објави