|

СДСМ ВЕЧЕРВА ЌЕ ГИ ПРЕТСТАВИ НОСИТЕЛИТЕ НА ЛИСТИ И КАНДИДАТИТЕ ЗА ПРАТЕНИЦИ

СДСМ вечерва во 18 часот во скопскиот хотел „Александар Палас“ ќе одржи конгрес на кој се очекува да бидат објавени сите носители на листи и кандидати за претстојните парламентарни избори.

Согласно агендата, конгресот ќе има отворен и работен дел, а на почетокот на отворениот дел ќе се обрати лидерот на партијата Зоран Заев.

Од СДСМ информираат дека преносот во живо од обраќањето на Заев може да се следи и на неговата официјална фејбук страна и на Јутуб каналот на СДСМ.



Слични Објави