| |

ТРАМП ГИ ЗАПРЕ ПАРИТЕ ЗА СЗО

Американскиот претседател, Доналд Трамп најави дека Соединетите држави привремено ќе престанат со финансирање на Светската здравствена организација (СЗО) заради „лошо управување“ со епидемијата на коронавирус.

Тој, исто така, истакна дека планот за стопирање на коронавирусот и повторно заживување на американската економија најверојатно треба да биде готов пред 1 мај.

„Денес, наредив прекин на финансирањето на СЗО, додека се спроведува студија за да се испита улогата на СЗО во лошо управување и прикривање на ширењето на коронавирусот“, рече тој на прес-конференцијата во Белата куќа.

Според американскиот претседател, СЗО не успеала да ја исполни својата основна должност и мора да понесе одговорност.

„Ако СЗО ја завршеше својата работа и испратеше медицински експерти во Кина за објективно да ја проценат состојбата на теренот, епидемијата можеше да биде задржана во нејзиниот извор со многу малку мртви“, додава Трамп.



Слични Објави