|

„КАТАР ЕРВЕЈЗ“ СО ПОДАРОК ЗА МЕДИЦИНСКИТЕ РАБОТНИЦИ ШИРУМ СВЕТОТ

„Катар ервејз“ им подарува 100.000 бесплатни авионски билети на сите медицински работници ширум светот, во знак на благодарност за нивните херојски напори за време на пандемијата со Ковид-19.

Како што објави компанијата, билетите ќе бидат достапни за резервација од утре – Меѓународниот ден на медицинските сестри и техничари.

Бесплатни билети ќе бидат достапни за резервации до 18 мај годинава.

За понудата, здравствените работници можат да се регистрираат на qatarairways.com/ThankYouHeroes со пополнување формулар и примање специјален промотивен код.

Билетите ќе се делат по системот „прв пријавен – прв услужен“./ Макфакс

Слични Објави