ЈАНЧЕВ: ЌЕ СЕ КАНДИРАМ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВМРО-ДПМНЕ КОГА ЧЛЕНСТВОТО ЌЕ ГЛАСА НА НЕПОСРЕДНИ ИЗБОРИ
Градоначалникот на Кавадарци и поранешен потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев изјави дека ќе се кандидира за лидер на ВМРО-ДПМНЕ кога претседател ќе се бира на непосредни избори, бидејќи партијата оди во погрешен правец и бележи само порази на политичката сцена, пренесува Канал 5.
Јанчев смета дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ треба да биде избиран со гласање на целокупното членство.
„Не треба некој да те брка од партијата, треба да го исполниш тоа што си го ветил. Ако си кажал дека по пораз на изборите ќе се повлечеш од лидерската позиција тогаш секое ветување треба да се исполни“, вели Јанчев.
