| |

АНА ГЛИГОРОВА ЗА ФАКТОР: ЗА ДА ГИ ИЗВАДИМЕ СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ГРАЃАНИ ОД ДОЛЖНИЧКОТО РОПСТВО НАСТАПУВАМЕ НА ИЗБОРИТЕ

За прв пат на парламентарни избори во трката за столче во Парламентот ќе настапи политичка опција на која примарна цел ќе и биде намалување на последиците од десетгодишната работа на извршителите кои нанесоа голем број на блокирани сметки, наплата на неколкукратно повисоки камати споредено со основниот долг, организиран синџир на „вадење“ сметки од фиоки кои се пуштаат за присилна наплата по десет години, како и социјално и економско загрозување на егзистенцијата на цели фамилии. Најгласните во оваа борба, граѓанските активисти против извршителите обединедите во „Движењето на слободни граѓани“, ќе настапат на предвремените парламентарни избори со конкретна политичка програма за социјална правда, намалување на должничките последици, но и заложби за реформирање на сите јавни услуги како здравство и образование. За мотивите за настап на изборите разговараме со граѓанската активистка Ана Глигорова која ќе биде предводник на првата Изборната единица. Според неа по години поминати во граѓански активизам и минимални промени, влезот во политиката значи можност за наметнување на решенија директно во Собранието.

Фактор: Најавивте дека како група на граѓани против неправедното осиромашување на граѓаните за наплата на стари долгови со високи камати и трошоци преку извршителите ќе настапите на парламентарните избори. Дали се формира ново политичко движење или пак ќе коалицирате со веќе постоечка партија?

Глигорова: Како континуитет на нашиот граѓански ангажман, со кој успеавме да ја анимираме јавноста за проблематиката на должничкото ропство, дел од нас одлучи да го артикулира делувањето и во сферата на политиката, влегувајќи во политичкиот ринг на изборите 2020. Сметавме дека влегувањето во Парламент ќе биде од голема важност за голем број граѓани кои се заробени во кругот на должничкото ропство, кои немаат правна, финансиска и социјална сигурност. Вопериодот кога се мислeвме со која партија да настапиме, Граѓанско Демократската Унија едноставно со програмските цели, платформата, кадарот ни беше блиска на идеите кои ги имаме. Се одлучивме да настапиме заедно, на овие избори како Движење на слободни граѓани и ГДУ.

Потполно сум свесна дека граѓанскиот активизам има за цел, од надвор да ја корегира и насочува власта, но после години и години делување успеавме да помрднеме само мал дел од проблемот.Суштината на општествените позитивни, прогресивни промени е во резултатот, во менувањето и имплементацијата на законите, кое е возможно само ако се влезе во Парламент, па директно седелува. Нашата интенција е разобличувањето на криминалот, посебно оранизираниот криминал кој доби епидемски размери во Македонија, кој ги опфаќа судиите, обвинителите, банките, нотарите и извршителите. Без сузбивање на криминалот, нема економски развој.

Целото интервју прочитајте го овде.

Слични Објави