|

Ангелов: Пожарот во депонијата кај Арачиново е целосно изгаснат

По повеќечасовна интервенција со специјална пена, скопските пожарникари успеаја целосно да го изгаснат пожарот кој избувна на депонијата кај Арачиново, јавува ТВ21.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информира дека и покрај тоа што огнените јазици се ставени под контрола, на терен сè уште може да се забележи чадење од неколку места.

Ангелов синоќа кажа дека пожарот е намерно запален со сончоглед.

Слични Објави