| |

Бугарските власти го следат случајот со мобилизираниот во Украина бугарски државјанин

Бугарските власти се запознаени со случајот на мобилизираниот во Украина бугарски државјанин Љубомир Киров, изјави министерот за надворешни работи на Бугариja Георг Георгиев, кој е дел од бугарската делегација што учествува на годишната сесија на ООН во Њујорк, јавува БНР.

Министерот Георгиев истакна дека Министерството за надворешни работи е во контакт со семејството на младиот човек и дека ќе биде преземено сè што е можно за заштита на неговите права. Тој, сепак, нагласи дека Киров е двоен државјанин и дека, додека се наоѓа на територијата на Украина, врз него важат украинските закони, вклучително и оние што се однесуваат на мобилизацијата.

На прашање од Бугарското национално радио дали постои потврда дека бугарскиот конзул во Одеса не добил соработка од украинските власти, Георгиев одговори:
„Немаме таква информација од него“.

Слични Објави