Македонската амбасадорка во Бугарија му ги предаде акредитивните писма на Радев
Новоименуваната амбасадорка на земјава во Бугарија, Агнеса Руси-Поповска денеска ги предаде акредитивните писма на бугарскиот претседател, Румен Радев, јави дописникот на МИА од Софија. Руси-Поповска е првата жена амбасадор на земјава во Софија, од 12 јануари 1992 година, пред 30 години, кога Бугарија ја призна независноста на тогашната Република Македонија, од Владата на Филип Димитров…
