-
-
ВОЗРАСЕН СКОПЈАНЕЦ ЗАГИНА ОТКАКО СО ВЕЛОСИПЕД УДРИЛ ВО БЕТОНСКА ОГРАДА
Вчера во 10:20 часот било пријавено дека на ул. 1 во с.Долно Лисиче во Скопје, В.Б.(78) од с.Долно Лисиче, управувајќи велосипед, удрил во бетонска ограда по што паднал на коловозот и починал на местото на незгодата. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.
-
АНТИКОРУПЦИСКА ЌЕ ИСПИТУВА ДАЛИ НИНА ЗНАЕЛА ДЕКА ЕУРОСТАНДАРД ОДИ ПОД СТЕЧАЈ КОГА ГИ ПОВЛЕКЛА СВОИТЕ ПАРИ
Државната комисија за спречување на корупцијата ќе испитува дали министерката Нина Ангеловска ја имала информацијата дека Народната банка ќе и ја одземе дозволата на Еуростандард банка кога ги повлекла парите од депозитот или во тој момент не била информирана што ќе се случува. Ќе се утврдува дали има злупотреба на службената положба, пренесува Фактор. „Ќе испитуваме…
-
АВСТРИЈА: УЧЕЊЕ ОД ДОМА САМО ВО РЕГИОНИТЕ СО ЗГОЛЕМЕН БРОЈ НА ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19
Австрискиот министер за образование Хајнц Фасман најави нормален почеток на учебната година, без поделба на одделенијата во помали групи и настава во смени, со следење на „корона-семафорот“. Фасман на прес-конференцијата објасни дека настава од дома ќе се воведе само во случај на регионално зголемување на бројот на заразени, односно кога „корона-семафорот“, кој го воведе австриската…
-
ЗЕМЈОТРЕС СО ЈАЧИНА ОД 5 СТЕПЕНИ ЈА ПОГОДИ ГРЦИЈА
Земјотрес со јачина од 5.0 степени според Рихтеровата скала е регистриран изутринава во Грција, јужно од островот Идра. Земјотресот бил почувствуван околу 9:27 часот. Епицентарот бил во морскиот дел, 49 километри југоисточно од островот Идра, на над 100 километри од Атина. Нема информации за повредени лица или за предизвикана материјална штета.
-
ОБИД ЗА КРАЖБА НА СТОЛБ ЗА УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ ВО ЧАИР
Спречена кражба на еден од столбовите за улично осветлување на улицата Цветан Димов во Чаир. Инцидентот се случил вчера, а за него преку социјалната мрежа Фејсбук информираше скопскиот градоначаник, Петре Шилегов. „Благодарение на совесните граѓани кои го пријавија случајот, сторителите беа фатени на дело, заработија казни од градската инспекција и полицијата, а до крајот на…
-
ОД ДЕНЕСКА ВО СИЛА НОВИ МЕРКИ ВО ГРЦИЈА
Во 16 области на Грција, кои се сметаат за региони со лоша епидемиолошка слика и голема раширеност на Ковид-19, од денеска се воведуваат нови, дополнителни рестриктивни мерки, меѓу кои и ограничено работно време на угостителските објекти, кафулињата, ноќните клубови, јави дописничката на МИА од Атина, пренесува Бриф. Во областите источна Македонија и Тракија и Атики,…
-
ЗАХАРОВА ГО ОБВИНИ МАКРОН ЗА ЛИЦЕМЕРСТВО
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ја коментираше изјавата на францускиот претседател за Белорусија, велејќи дека Макрон е лицемерен. Захарова изјави дека претседателот на Франција, Емануел Макрон, треба да повика на поддржување на оние што протестираат во Европската Унија, а не на учесниците во протестите во Белорусија. Според агенцијата ТАСС, Захарова на…
-
ДИМОВСКИ – СО ВАКВОТО ТЕМПО НА МОН УЧЕБНАТА ГОДИНА ЌЕ ПОЧНЕ ДОГОДИНА
Време имаше, но веќе нема. МОН како по обичај доцни, многу доцни со протоколите и одлуките па затоа и такво ни е образованието, вели во разговор за Радио слободна Европа, Владо Димовски, од Центар за толеранција и доживотно учење. Димовски смета дека сега, по мислењето и заклучокот на здравствената комисија „МОН треба веднаш, ама веднаш да…
-
УЧЕБНА АГОНИЈА НАМЕСТО УЧЕБНА ГОДИНА
Пука филм! “Наместо да ги пратеа во Охрид на журкање, требаше да им набават компјутери”. Б Стаменов Владата и МОН имаа долг период за размислување, а не за С П И Е Њ Е и терање К А М П А Њ И, па ако сакате доволно време за да го земат предвид и враќањето…
