ЗАЕВ: НЕМАМ СИМПТОМИ, ГИ ОЧЕКУВАМ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ТЕСТОТ
„Би сакал да ве информирам дека во текот на минатата недела имав ТВ интервју со новинар, за кој неодамна се утврди дека е позитивен на КОВИД-19. Иако во текот на интервјуто ги преземавме сите заштитни мерки како избегнување контакт и одржување дистанца, согласно сите протоколи, од денеска сум во самоизолација во мојот дом во Струмица….
