ОТКРИЕНИ ДВАЈЦА РАЗБОЈНИЦИ КОИ МИНАТАТА ГОДИНА ОГРАБИЈА И НАПАДНАА ЖЕНА ВО КРИВОПАЛАНЕЧКА КОНОПНИЦА
Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Разбојништво од чл.237 ст.1 од Кривичниот законик. Осомничените на 16.10.2017 година насилно влегле во семејна куќа во селото Конопница, Крива Паланка, физички ја нападнале сопственичката удирајќи ја неколкупати по главата и телото…
