КОЧО, ОРЦЕ, САШО И БАБА ПЕНКА-СОЛИДАРНИ
Помина времето кога бараа од нас да бидеме трпеливи. Сега бараат да бидеме солидарни… Следниот пат, кога ќе побарате солидарност од граѓаните, дами и господо од власта, барем не ги објавувајте одобрените тендери за илјадниците евра, пари на истите тие граѓани потрошени за морски плодови, јунешки стекови, ф’стаци, лешници и други задоволства наменети за осетливите…
