ОДБЕЛЕЖУВАМЕ 69 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ПРВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА Д-Р ХРИСТО ТАТАРЧЕВ
На денешен ден пред 69 години завршува земниот пат на првиот претседател на ВМОРО д-р Христо Татарчев. Роден е на 16 декември 1869 год. во Ресен. Учи во Ресен, Брацигово и Пловдив. Студирал медицина во Цирих и Берлин. Дипломира како лекар во јули 1892 г. Потоа е поставен за школски лекар во Солунската машка гимназија…
