ШАБАНИ: ЛЕКОТ ИВЕРМЕКТИН ЌЕ ПРИСТИГНЕ ОВАА ИЛИ НА ПОЧЕТОКОТ НА НАРЕДНАТА НЕДЕЛА
До крајот на оваа или на почетокот на другата недела верувам дека во државава ќе стигне лекот Ивермектин, кој ќе се користи во лекувањето на заболените од Ковид-19, изјави за МИА директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства, Љирим Шабани. Тој посочи дека ги одобриле сите барања кои ги имале од болниците и веледрогериите…
