ИМА ЛИ КРАЈ НА СООБРАЌАЈНИОТ МЕТЕЖ ВО ГРАДОТ? КАКО МОЖЕМЕ САМИ ДА СИ ПОМОГНЕМЕ?
Сообраќајниот метеж стана редовна слика на улиците и патиштата во Македонија. Во лето, во зима, за празници, за делници. Секој ден, преку цела година, повеќе или помалку – иста слика. Движењето во урбаните средини, полека но сигурно, станува мачно, фрустрирачки, за некои дури и депресивно и одбивно. Постојат многу причини зошто е тоа така. Прво…
