ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ НА СРЕДБА СО БУГАРСКИОТ МИНИСТЕР ЗА КУЛТУРА БОИЛ БАНОВ: ПРИЈАТЕЛСТВОТО КОЕ ГО ГРАДИМЕ Е ДОБРО ЗА СЕГАШНИТЕ И ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, заедно со министерот за култура Асаф Адеми и советничката за култура Цветанка Ласкова, денеска се сретнаа со делегацијата на Министерството за култура на Република Бугарија, предводена од министерот за култура Боил Банов. На средбата присуствуваше и амбасадорот на Република Бугарија во Македонија, неговата екселенција Иван Великов Петков…
