ДЕМОНСТРАНТИТЕ ВО ИРАК РАСТЕРАНИ СО ВОДЕНИ ТОПОВИ
Ирачките сили за безбедност со водени топови ги растераа антивладините демонстранти во Багдад, во близина на „Зелената зона“, каде што е седиштето на Владата и Амбасадата на САД. Според очевидци, полицијата употребила солзавец за да ги спречи демонстрантите кои повторно се собираат. Повеќе од 150 луѓе загинаа во антивладините протести од почетокот на овој месец…
