ЧКАТРОСКИ: ЕУ НЕ САКА ДА ИМА РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА
Ви ја пренесуваме изјавата на аналитичарот Даме Чкатроски за медиумите Коха и Журнал.
„Европската унија врши притисок кон Заев и Мицковски да нема референдум.Брисел мисли дека политичарите не смеат да ставаат емотивни прашања на референдум како и ова и сета одговорност треба да ја превземат на себе.Посебно заради ситуацијата во регионот и Српско-Косовските проблеми до 1 септември ЕУ ќе се обиде да ги притисне Заев ,Ахмети и Мицковски за да се откажат од референдум и во парламентот да го потврдат договорот.Зијадин Села го знае ова и затоа не сака да го поддржи референдумот“, тврди Даме Чкатроски.