| |

Деца од Западните покраини го посетија бугарскиот Бачковски манастир

Игуменот на Бачковскиот манастир, величкиот епископ Сиониј, лично ги пречека и благослови децата од Цариброд. Тој им порача на младите да не ги забораваат своите корени, да се потпираат на верата и да ја паметат својата татковина. Сиониј ги увери гостите од Западните покраини дека секогаш се добредојдени во светата обител, јави БТА.

Учениците од Основното училиште „Христо Ботев“ во Цариброд по вторпат ја посетуваат Бугарија преку Националната програма „Бугарија – образовни маршрути“ на Министерството за образование и наука.

Јеромонах Паисиј им ја раскажа драматичната историја на манастирот, основан од грузиските браќа Григориј и Абразиј Бакуријани во 1083 година, како и за чудотворната икона „Св. Богородица Елеуса“. На гостите им беа покажани и моштите на свети Евтимиј Трновски, последниот бугарски патријарх пред падот на Бугарија под османска власт.

Пред да пристигнат во манастирот, децата од Западните покраини ја посетија Асеновата тврдина и Музејот на авијацијата во Крумово.



Слични Објави