ДЕДО ПАДНАЛ ВО 22-КА И ТЕШКО СЕ ПОВРЕДИЛ

Патник е тешко повреден откако паднал додека се возел во приватен автобус, во вторникот во Скопје, соопшти МВР.

Како што соопшти полицијата, во вторникот околу 13:30 часот на улицата 101 во Волково, во приватен автобус со бр.22, паднал патник и се здобил со тешки телесни повреди.

Станува збор за Г.Б. (77) од Скопје, кој бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде му е укажана лекраска помош. Полицијата работи на расчистување на случајот.