ДЕСКОСКА: ТРАНСФЕРОТ НА ПРЕДМЕТИТЕ НА СЈО ВО ЈО ГИ ПОМАТИ СМЕТКИТЕ НА СИТЕ КОИ НЕ САКААТ СПЕЦИЈАЛЕН ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ

„Трансферот на предметите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во редовното јавно обвинителство им ги помати сметките на оние кои сакаа да не постои специјален јавен обвинител“, изјави министерката за правда Рената Дескоска во нејзиното обраќање на настанот кој се одржува по повод почетокот на твининг-проект за поддршка за Јавното обвинителство.

Таа ги повика сите пратеници да размислат каде ја гледаат иднината на нашата земја.