|

ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ,ОЛИВЕР СПАСОВСКИ,З.З И ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ

Опстанокот на Швајцарија никогаш не бил до денес во прашање заради тоа што Швајцарија е постојано подобро место на живеење од нејзините соседи. Северна Македонија, мора да биде секогаш во подобра и поповолна ситуација од нејзините соседи, Албанија и Косово и Србија. Посебно економски, политички и демократски. Овој дел е сега многу важен во овие периоди на развојот на Балканот. Со тоа ќе и биде гарантирана унитарноста од внатре.

Во изминатиот век, оваа формула,„подобра од Бугарија” ја чуваше Македонија, доволно, иако не секогаш економски беше подобра од Бугарија. Оваа форумула се применува во СХС каде најдобрите години за развој токму ги има во моментот после убиството на Тодор Александров. Оваа поента е крајната поента во разговорите со ЕУ, со Макрон или со било кого од Запад. Чудно е што Србија ја имаат оваа поента одамна вградено, но тука беше Милошевиќ да ги руши работите. Таквите националисти, ниту разбираат ниту ги интересира нешто за долгорочните стратегии на сопствената земја па нити долгорочните национални интереси без разлика кој е шеф/глава на ЕУ или САД.

Политичарите и советниците се менлива категорија,само долгорочна стратегија на една земја, а таа стратегија треба да е јасна и вградена во ДНК на чинителите. Дури ги убедуваме Србите дека, демократијата, економијата се далеку по моќно оружје од сите Мигови од Русија и сиот куп на оружје кои би го купиле од таму. Ма колку да се пењават нашите за Егејското прашање од Грција од нашите добиваат едно обично-прдддд.

Преспанскиот договор е одличен одговор на целиот наш дневно- политички вокабулар кој се сведува на прдешка од Канада до Австралија. И контра-прдешката е испорачана од нашите најблиски од Грција. Се испорачува таа прдешка од 1948 па наваму. И добро ја испорачуваат и вреди да се поздрават за тоа. Или да се поздравиме. Македонија се срози и се начука во тесно. Правдата и криминалот се денес најголемата опасност по неа. Предизборно и постизборно.

Конгломератот на корупција, сојузи, договори, заеднички фирми, мешовити фирми, мешовити бизниси. Едноставно Македонија својата унитарност и демократија ја гарантира со взаемна корумпираност на политичките елити. Не замајуваат писма и поздрави од нашата емиграција. Исто адекватно количински како во времето на Милошевиќ и она „Ја волим Србију” или „Зајам за Србија”. Абе истите тие луѓе денес им пишат во нивните во нивните Македонски медиумски гласила со ист терк и ист тон. Некаков Бил од Америка… Бил ејјј… Името не го давал! Добро. Замислете штапски официри си пишат сами себе поддршка. Неверојатно. Ај што е неверојатно туку е неверојатно да ВМРО-ДПМНЕ не сака и не може да излезе од ова клише заради нивните гласачи. Некогаш доста прогресивната партија се сведе на реакционери и ретроградисти. Што ти прави корупцијата. Едно големо НИШТО.

Дали пост- изборно некаква нова влада на Зоран Заев ќе го разбере овој текст и работи по него за општото добро на сите, јас не знам. Дали ВМРО-ДПМНЕ ќе го разберат овој текст? Јас тврдам дека НЕ. Далеку се тие од овој текст да го разберат. Емоции се тоа кои се вирус во нивните глави, уфрлен од големата пљачка и кршење на демократијата цела деценија. Ниви генерации пораснаа и им го уфрлија во мозокот овој вирус. Не верувате?! Гледајте само на терен кои се се истрчани. Читајте ги нивните медиуми и пристапот кон гласачкото тело.

Сакам да се појави некаква десничарска партија, да излезе смело и да рече-Ќе ви дадеме 1 милијарда евра за 1000 фирми да направат бизниси и луѓето останат во Македонија.

Оваа десница би дала по 1000 евра на членовите дури пљачка 1 милијарда. Да вратат душа и да не се едуцираат многу. ВМРО-ДПМНЕ е генератор и инкубатор за простите. И така си остана. Бранејќи ја Македонија и македонштилакот направи најголеми удари по земјата и македонштилакот. Та кој разбра, разбра, ако не разбра 5 денари да фрли во фонтаната на Аце на Коњ да му се исполни желбата… и да ги изговори магичните зборови- Аце, го држиме цврсто во раце!

ПС: Поздравот до наименуваните институции е во првиот дел. Со ум во главата, за да не го фатиме и ние цврсто …Ацета, скоро.

Автор: Даме Чкатроски

Слични Објави