|

ДУКОВСКИ: НИЕ НЕ ВИДОВМЕ ДАЛИ ВО ТОРБАТА ИМА ПАРИ

Адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски во вечерашното гостување на ТВ 24 рече дека Обвинителството апсолутно не го докажало обвинението и ова е еден од најслабо водените предмети, пренесува Фокус.

„Апсолутно не го докажаа обвинението. Ова е еден од предметите, кои беше најслабо воден, истрагата беше најслабо водена, на обвинетиот не му беше дадено да даде исказ, се криеја докази. Една работа ме шокираше и јас како правник не можам да прифатам: се вели врз основа на доказите, а нема докази во овој предмет. Гледате една торба со банкноти од 50 евра и после гледате еден човек како ја мавта таа торба. Милион евра во банкоти од 50 евра тежат 22 килограми. Ние не видовме дали има пари во торбата. Видовме женски раце кои ги бројат парите и потоа во друга снимка излегување со торбата. Втората работа е одбивност од ОЈО да го вештачи телефонот на Бојан Јованоски. Ако имате чист предмет, што имате од повеќе докази. Обвинителството толку се спротивставуваше на тој доказ, што попрво ќе дозволеше да се урне зградата.
Во телфонот на Бојан има разговори и докази кои ќе ја расчистат фактичката состојба“, вели Дуковски.



Слични Објави