Два нови брода ќе ја подобруваат безбедноста на пловидбата по Дунав
Два нови брода ќе се користат за подобрување на безбедноста на пловидбата во бугарско-романскиот дел на реката Дунав, јавува БНТ.
На церемонија во Русе, пловните објекти ги добија имињата „Тимок“ и „Дисмар“. Нивна кума е Маргарида Маркеш, европски координатор на транспортниот коридор „Рајна – Дунав“.
Бродовите се долги по 36 метри и се опремени со кранови. Нивната главна задача ќе биде поефикасно одржување и сервисирање на крајбрежните навигациски знаци.
Едниот брод ќе го користи бугарската Извршна агенција за истражување и одржување на реката Дунав, а другиот Романската администрација за Долен Дунав.
