ЕТЕ ДОЧЕКАВМЕ ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ДА ПОБАРА САНКЦИИ И ЗА „БАЛИСТИ“

Вести Истакнато Македонија

„Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија најостро го осудува вчерашниот инцидент во Тетово предизвикан од страна на припадници на навивачката група ,,Балисти’’. На објавените видеа од случувањата на тетовските улици на 4 ноември 2018 година, се слушаат песни и извици каде е забележан говор на омраза и повикување на насилство, по што следело и извршување на дело од омраза, односно фрлање со камења и шишиња врз кафуле полно со гости.

Хелсиншкиот комитет со посебно внимание ќе го следи разрешувањето на овој инцидент и ќе бара најстроги казни зa дела од омраза и говор на омраза, чија цел е предизвикување меѓуетнички тензии и насилство“, се вели во соопштението на Хелсиншкиот комитет на Република Македонија.