|

ФЕНОМЕНОЛОГИЈА НА КОРОНА ВИРУСОТ

Здраво,

Моето име е Пауло и имам 46 години. Еден сум од носителите на корона вирусот. Откако почина мајка ми, со која живеев сам во стан од 46 квадради кој се наоѓаше во центарот на Севиља, се утврди дека болеста ја имам и јас.

Пред два дена ми беше направено тестирање, целиот живот ми велеа дека сум извор на негатива, сега конечно сум позитивен, хах.

Откако лекарите констатираа смрт на мајка ми, очекуваа да искажам некоја емоција. Со цел да ги испочитувам нивните очекувања, едвај пуштив скржава солза, на која и требаа цели 5 минути да се спои со подот.

Ја погребав мајка ми, едвај чекав да заврши погребот, а во текот на целтата таа церемонија, само размислував за тоа што ќе правам цело време во болница, особено ако собата ја делам со уште многу луѓе. Знаев дека тестот ќе е позитивен.

Првите симптоми ги добив два дена откако се вратив од маркет. Никогаш не сакав да се движам помеѓу луѓето, но ако не отидев ќе морам два дена да ја трпам мама како ми префрла што таа морала да појде во маркет или да замоли некој од соседите за услуга. Покрај тоа ќе морав да ја трпам и нејзината студена и неподатлива фаца со која сакаше да ми даде до знаење дека е смрттно разочарана и да ми индуцира грижа на совест.

Грижа на совест, лутина и разочараност за мене беа само именки што луѓето ги користеа да манипулираат со туѓото однесување и да ги инструментализираат другите луѓе. Јас никогаш не почувствував ниту грижа на совест, ниту лутина, ниту разочараност, затоа тврдам дека тие доживувања воопшто не постојат. Измислици се!

(Целата колумна на Магдалена Стојмановиќ прочитајте ја на Veritas.mk)

Слични Објави