Исткаена приказна,вистинска “воздушна бања” на 1100м.нмв. Кротко,питомо селце кое во далечната 1800- та година броело 800-900 куќи, влашки доселеници од Москополе, Албанија-центарот на Власите.
Денеска, ова село има околу седумдесетина викенд куќи.Селото е опкружено со планини,длабоки шуми и пејзажи за кои досега не сте ни чуле па ни виделе. А можеби е подобро да остане нечуено, затоа што секаде каде што оставил трага човекот – уништил.
Покрај вонземските убавини,главна значајна карактеристика на селото е црквата “Преображдение”,каде што го прославуваат истоимениот празник на 19ти август.Црквата е изградена во 1880та година.Располага со конаци за спиење и секој кој што е љубител на природата,може да го посети селото.
Автор: Кристина Паско, етнолог