ГЕРМАНСКА САЛАТА ОД КОМПИРИ

Состојки:
1 и 1/2 кг компири
500 гр. сланина
1 голем кромид
1/4 чаша оцет
1/4 чаша маслиново масло
1 супена лажица шеќер
1 супена лажица сенф
сол, бибер по вкус
маслиново масло
магдонос

Подготовка:
Сварете ги компирите па потоа излупете ги. Исечете ја сланината на не многу мали парчиња и пржете ја додека не добие златна боја во добро загреана тава со малку маслиново масло. Кога е подготвена, ставете ја на кујнска хартија за да ги отстраните вишокот маснотии. Во истата тава, пропржете го исечканиот кромид. Кога ќе омекне, додадете го оцетот, шеќерот, солта, биберот и сенфот. Добро промешајте за да се соединат состојките и да не останат кристалите од шеќерот. Истурете го овој прелив над компирот, додадете ја сланината и промешајте. На крај посипете со малку магдонос.



На здравје!