ГЕРОСКИ: НИЕ СМЕ СТОКА

934! Браво дечки, супер сме! Не, немојте воопшто да размислувате за нови ограничувања! Па не сме ние глупави како Германците, Французите, Италијанците, Шпанците, Словенците… Ние сме најпаметни на светот. И најлиберални. Само ние ќе си ја спасиме економијата, сите други ќе пропаднат. И ќе ги истераме сите слави, имендени, журки.Тоа што капацитетите на болниците се исполнети, тоа што веќе се умира по ходници, тоа што веќе сега треба да се размислува за капацитетите на гробиштата, тоа никого не засега. Најмалку политичарите, најмалку луѓето од власта…Не се тие виновни. Ние сме стока. И тоа е нашата најголема шанса, всушност. Можеби ќе успееме да постигнеме имунитет на стадо.

ФБ СТАТУС НА НОВИНАРОТ БРАНКО ГЕРОСКИ