|

ХАН МУ СЕ ЈАВИЛ НА ЗАЕВ И МУ РЕКОЛ ДА ГО РАСЧИСТИ СЛУЧАЈОТ „РЕКЕТ“

Институциите се должни во ефикасна постапка да ги расчистат актуелните случаи и без одлагање да ги процесуираат предметите за незаконското прислушување од минатото, констатирале премиерот Зоран Заев и комесарот на Европската унија за преговори, добрососедство и проширување, Јоханес Хан, во телефонски разговор вчера попладне, соопшти владината прес-служба.

Премиерот Заев ја потврди цврстата одлучност на Владата за целосно и неселективно расчистување на сите случаи на висока корупција уверувајќи го комесарот Хан дека се создадени услови за институциите од судството и обвинителството активно и непречено да се борат против криминалот и корупцијата. Премиерот Заев и комесарот Хан се согласија дека институциите на системот се должни во брза и ефикасна постапка да ги расчистат актуелните случаи, но и без одлагање да ги процесуираат предметите кои произлегуваат од незаконското прислушување од минатото, се вели во соопштението.

Слични Објави