КАКОВ РОНАЛДО, НАВИВАЧИТЕ НА ЛИВЕРПУЛ СЕ ПЛАШАТ ОД – ЛОВРЕН!

/

Кога и да зборува пред натпреварот, тоа е лошо по клубот, барем така сметаат навивачите на „црвените“.

Дејан Ловрен пред финалето во Лигата на шампионите зборуваше за Кристиано Роналдо.

„Тој е страшен играч, јасно е дека мораме да бидеме внимателни, да се браниме заеднички. Ќе останам со него во ситуација „еден на еден“, спремен сум, работев напорно, можам да го запрам“, со самодоверба зборуваше Хрватот.

Ова не е прв пат Ловрен да дава вакви изјави, а навивачите на Ливерпул сметаат дека тоа не е добро.

„Замолчи, не се плашиме од Роналдо, туку од тебе!“, гласат поголемиот број пораки од фановите на Ливерпул.



„Кажете му да молчи, нека не игра“

„Кога и да зборува вака, на крајот ги упропастува натпреварите. Молчи, те молам“, пишуваат суеверените навивачи.

Извор: Спортски.мк

Претходна статија

ТАЛАТ ЏАФЕРИ ВО ДВОДНЕВНА ПОСЕТА НА СРБИЈА

Следна статија

ТЕСТ: ОДБЕРЕТЕ СИ РУЖА И ПРОЧИТАЈТЕ ШТО КАЖУВА ТОА ЗА ВАС

Најново од Истакнато