КОИ МАЖИ СЕ НАЈВЕРНИ СПОРЕД ХОРОСКОПОТ

Забава Истакнато Магазин

Секој маж различно реагира кога е во прашање неговиот личен интимен живот. Некои се моногамни и сакаат една жена до крајот на својот живот. Други пак имаат желба да бидат со колку што можат повеќе сексуално и тоа нема никаква врска со нивната љубов кон партнерката. Прочитајте колку се верни мажите според хороскопот:

Рак
Кога ќе ја најдат љубовта, тие се „раздаваат“ до последно. Тие даваат сè од себе и никогаш не прават никакви скандали. Дури и понекогаш избегнуваат конфликт така што се игнорираат самите себе и сопствените мислења. Раковите се верни и не се склони да лажат. Ја сакаат својата партнерка и за ништо на светот не би дозволиле да се разделат поради нешто глупаво. Подготвени се да се борат за да ја продолжат својата врска и да ја зачуваат љубовта.

Овен
Тие се сметаат за едни од најверните хороскопски знаци, но и тука се делат на две групи – едните изневеруваат, а другите – не. Кога ќе ја сретнат љубовта на својот живот, сепак, стануваат неописливо мили и се грижат нивната партнерка никогаш да не си замине. Тие ја „даруваат“ со сета своја љубов и на секој начин се обидуваат да ја усреќат.

Јарец
Јарците не се толку верни, но се заљубуваат и се приврзуваат многу брзо. Даваат сè од себе но најчесто ја одбиваат девојката од себе со желбата работите да се развиваат максимално брзо. Тие често ја прекинуваат врската со скршено срце и страдаат долго време.

Близнаци
За нив пречки не постојат и еднаш ако се заљубат, не би дозволиле на ништо и никој да ја раскине нивната врска. За нив, љубовта е многу важна и се заснова на доверба, верност и почит. Тие ја поддржуваат својата партнерка и ја покажуваат својата љубов на сите начини. Близнаците не се луѓе кои се откажуваат брзо, дури и напротив.

Вага
Во моментот кога ќе се сретнат со вистинската личност, двоумењата се завршени. Кога се заљубени, тие се оддаваат целосно и за ништо на светот не би ја оставиле партнерката во тежок момент. Кога се во врска, но не ја сакаат партнерката толку многу, се држат поладно и имаат тенденција да изневеруваат, но кога односите им се сериозни, однесувањето им е сосема поинакво. Тие се многу романтични и секогаш се стремат да ја изарадуваат партнерката со некој мал гест.

Бик
Кај нив љубовта е за цел живот. Понекогаш се нервозни и тоа води до скандали, но не би дозволиле да се разделат со својата љубена поради неважни кавги. Ако изберат некоја девојка за нивна партнерка, никогаш не жалаат за својот избор. Тие точно знаат со кого сакаат да го делат својот интимен живот и секогаш се задоволни со нивниот избор.

Девица
Девиците се многу верни и ако ја најдат вистинската љубов за ништо на светот не би дозволиле да се дојде до разделба. Тие сакаат вистински и многу се посветени кога станува збор за нивната партнерка. Девиците не се склони да лажат и се држат до добри односи.

Водолија
Тешко им е да се опуштат пред нови луѓе, но ако тие го направат тоа со вас, вие сте среќни. Тие се верни, но кога ќе погрешите ќе си заминат и ќе ве остават. Водолијата нема да ви се извини. Тие ретко ја признаваат својата вина и претпочитаат да ја прекинат врската во таков случај.

Стрелец
Тие се непостојани и доста често се колебаат дали го направиле вистинскиот избор, ако односите не се добри. Кога ќе се заљубат сепак, се посветени на партнерката и ако има почит помеѓу нив, врската ќе биде многу силна и долготрајна.

Лав
Лавовите се навикнати да бидат во центарот на вниманието и затоа сакаат да добиваат внимание од многу различни жени. Затоа Лавот може да флертува со други само за да се чувствува важно.

Скорпија
Тие сакаат да  наредуваат и сѐ да се случува според нивните правила. И бидејќи тој е навикнат да одлучува што е добро а што не во една врска, спокојно може да одлучи дека излегувањето со други жени не е неверство туку само задоволување на неговите потреби.

Риба
Рибите се емотивни и малку чудни. Ако сакаат одредена жена, ќе направат сѐ за неа. Но, ако тие не се чувствуваат сигурни во нивната врска, ништо не може да ги спречи да бидат со други.