КОРОНАТА И СМЕТКОВОДИТЕЛОТ

//

Ова се од оние денови кога толку не ти се станува да одиш на работа што дури не си ни заспал. Ден кога пак треба да војуваш со ветерници, да освојуваш системи кои паѓаат , а за тоа не е никој крив туку ти што треба да работиш на него, овој пат не зошто си ја оставил работата за на ” крај” , туку зошто бројани денови има.

Ова е текст за сите мои колеги сметководители и нивната работа во време на корона.Многумина не се запознаени што значи сметководствената професија воопшто. Сметководителот е мостот по кој до државата даночните обврзници треба да ги исполнат своите законски обврски , секако доколку не ги испочитуваат датумите казните се големи. Така моите колеги сметководители ги одработуваа датумите за завршни сметки, одложени за пет дена во периодот кога почна лудилото со корона кризата, за да можат обрзниците да си ги платат даноците по основ за сметка од лани и буџетот да се полни. Во времето кога почнуваше лудилото, немавме простор за страв а уште помалку смеевме да се разболиме не дај боже од корона , зошто требаше да го одработиме ддв во април, пролонгирано за пет дена, а да не зборавиме дека полицискиот час почнуваше од шеснаесет часот попладне, моравме да ги затвориме канцелариите во два часот, за да се стигне да се пазари и до завршат приватни нешта, како и долгото велигденско затворање.

Моите колеги сметководители не се родители на деца до десет години , без право на можност за болест. Текстот не е со цел дека некој треба да не сожали, едноставно е потреба да се каже дека по тенката линија овој пат работеше и некоја друга струка на која никој јавно нема да заблагодари. Одработуваваме за буџетот, државата да има какви такви приливи на пари со кои се исплаќаат плати за тие под нејзина капа. После обврската со ддв се најдовме пред уште еден предизвик со барањата за субвенции на плати, но ние сме учени, на а, б,в, г д…и не функционирање на системи, а за исплатите клинетите не прашуваат нас, преку нас помина и субвенционирањето на платите. А плус на тоа треба да ја сочуваме љубезноста кон клиентите и колегите. Во време кога ниту еден работен ден не останавме дома, на тоа некој би рекол, вие барем имавте работа,работа која ќе треба да ја фактурираме и наплатиме.

За разлика од другите кои одработуваат и ќе си земат на први плата , ние нашата треба да ја собереме, наплатиме од клиентот, народски кажано ” кај ебан таму и тепан”. Мои драги сметководители да сте си горди на прифесијата која ја работите, зошто освен креативност потребен е и математички ум, а за одговорноста, пожртвуваноста нема што да дискутираме, како што многимина велат јас тоа не можам да го работам и не може секој.И за сите е што не знаат дека медалот има две лица.Имате простор од месец дена да сте болни, ако може директорката дозволено ви е и вам. Авторот е повремено сметководител, повремено писател, а топчето е од кучето, сме ми го одбрале потсвесно, личи на корона.



Автор: Мирјана Ивановска

Претходна статија

КАФАНА

Следна статија

ШЕЌЕРНАТА ГОСПОДАРКА ОД БИХАЌКА И ТАЈНИОТ ОРТАК ОД ШАМПИТАТА

Најново од Ваш став

Игра на ниски страсти

Fb статус на Никица Корубин Дека политиката е врвна вештина која бара многу знаење, искуство, традиција

Целосна независност

Facebook статус на Никица Корубин Независноста е комплетна кога си свесен за неа. И за нејзиното