КОВИД-19 ЈА ЗАПОЧНАЛ ВОЈНАТА СО СВЕТОТ УШТЕ ВО 2019 ГОДИНА

/

Најновите генетски анализи поврзани со вирусот ковид-19 направени врз 7.600 пациенти во светот покажуваат дека вирусот циркулирал меѓу луѓето и во текот на минатата година, но дека неговото брзо ширење се случило откако се инфицирал првиот пациент, пишува Си-Ен-Ен, пренесува Плусинфо.

Истражувачите во Велика Британија забележале дека вирусот мутира и дека брзо се шири.

– Вирусот мутира, но ова само по себе не значи дека може да ја влоши состојбата – изјавил Франсоа Балукс, истражувач од Универзитетот во Лондон.

Тој и неговите колеги подвлекле вирусни секвенци од глобалната база на податоци што ја користат научниците ширум светот за споделување информации. Тие ги разгледале примероците земени во различни периоди и од различни места во светот, па донеле заклучок дека вирусот најпрво почнал да ги заразува луѓето кон крајот на 2019 година.



„Овој податок го отфрла секое тврдење дека ковид-19 можел долго да циркулира пред да биде идентификуван“, напишал тимот на Балукс во извештајот објавен во списанието „Инфекција, генетика и еволуција“.

Таму е наведено дека ваквата информација претставува еден вид лоша вест, бидејќи докторите целото ова време се надевале оти вирусот циркулирал многу подолго време пред да биде откриен и со самото тоа се создавал имунитет помеѓу излекуваните.

– Сите се надеваа дека во изминатиов период луѓето создавале антитела во организмот. И јас истото го мислев – рекол Белукс.



Претходна статија

СКОПЈЕ ПРВ ДЕН БЕЗ ЗАБОЛЕН ОД КОВИД-19, ДВАЈЦА ПОЧИНАТИ И 13 НОВИ СЛУЧАИ

Следна статија

ОБЈАВЕНА ПОШТЕНСКА МАРКА ПО ПОВОД ЧЛЕНСТВОТО ВО НАТО

Најново од Вести