Лишен од слобода возач од Кавадарци со 2,02 промили алкохол во крвта
На 18 октомври 2025 година, околу 15:30 часот, на улицата „Илинденска“ во Кавадарци, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кавадарци го лишиле од слобода 48-годишниот П.К. од Кавадарци.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, лицето било запрено при преземање полициски мерки по сторен сообраќаен прекршок. Тој со патничко возило марка „Рено“ со кавадаречки регистарски таблички престигнал седум возила кои биле застанати на црвено светло на семафор. При извршена проверка, било утврдено дека го управувал возилото под дејство на алкохол, со измерени 2,02 промили алкохол во крвта.
Возачот е задржан во полициската станица во Кавадарци. За случајот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик — „Безобѕирно управување со моторно возило“.

