МАКЕДОНИЈА НА ТРЕТО МЕСТО ПО БРОЈ НА ЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНА ВИРУС МЕЃУ ЗЕМЈИТЕ ОД НАЈБЛИСКОТО ОПКРУЖУВАЊЕ
Со 232,53 случаи на еден милион жители, Македонија се наоѓа на третото место според бројот на заболени од Ковид-19, споредена со земјите од нашето најблиско опкружување. Во оваа неславна табела приматот го држи Хрватска со 276, 23 случаи на еден милион жители а втора е Србија со 233, 21 случаи.
Како репер се земени официјалните податоци објавени до 15 часот на денешниот ден 4 април 2020 година.
Важно е да се напомене дека Косово со 73,51 случаи и Бугарија со 72,89 случаи се двете соседни земји кои имаат најмал број на заболени, не само во нашето соседство туку и на Балканот. Во однос на Хрватска, напоменуваме дека таа и покрај високиот процент на заболени има најголема успешност во соодносот излечени и починати лица од корона вирусот а имено 119 и 12 починати.
