| |

МАКЕДОНИЈО ДИШЕШ ЛИ?

И ние што не сме на респиратори не можеме да дишеме нормално. Некои ги убива корона вирус, други ги убива туѓ или свој простотилук.

Вчера ПМ честичките како и секоја година достигнуваат алармантни вредности. Хазардна состојба. Секоја година одново и одново го преживуваме Чернобил во Македонија.

Имало некое таму Министерство за животна средина во Македонија и погодете како дознавме дека постои.

Имаше еден министер за животна средина Дураки кој за медиумите пред две години изјави дека – Ова е Македонија, а не Швајцарија на прашање на новинар што презема министерството за намалување на загадувањето.

Еве што ни кажа Дураки уствари во превод – Кој ви е виновен што се родидиле у Македонија, знаете дека овдека воздух, нема, ни за лек. Одете малку во Швајцарија како гастербајтери, наполнете резервоарите со кислород и снаоѓајте се, луѓе, што да ви кажам.

Колку хуман гест на еден министер, па дури дели и бесплатни практични совети – како да преживеете.

Оти тоа Министерството за животна средина во Македонија да ти било некоја хуманитарна организација, вработувале луѓе ништо да неправаат а им давале плати. Така бе, без никаков интерес, од добра волја.

Многу хуман гест. А придобивките на таа хуманитарна организација наречено Министерство за животна средина најмногу ги користат маргинализирани групи – етничките малцинства.

Тие имале предности, кога се делеле плати. Ти биле тие многу обесправени само поради фактот што се родиле како Албанци.

На оџаците од фабриките нема филтри за прочистување, се увезува отпад за согорување, се прават грдни пари на сметка на здравјето на граѓаните. Молчам ја, молчиш ти, молчиме сите, а у молкот олигархии прават грдни пари – бомбона бизниси.

За едно нешто Дураки беше во право. Рече ако имате некој проблем со загадувањето – тужете си.

Државата во вакви ситуации треба да добие тужба пред Меѓународен суд за човекови права, бидејќи непостапува за остварување на елементарното човеково право – Право на здрава животна средина.

Уште ќе протестираме против мерки за дистанца и носење на маски пошто тоа тобоже не отуѓувало од луѓето и глобалната влада имала намера да не замолчи.

А како да замолчиш некој кој и никогаш не научил да зборува? Ние одамна меѓу себе не се ни гледавме од загадување во воздухот и кога бевме на неколку сантиметри еден од друг. Поголемо отуѓување од тоа да не можеш да го видиш тој што оди до тебе од чадот во воздух – нема.

Нашиот народ, знае се и кога прднал комшијата, кој со кого спие, кој како брише прашина, ама не знае дека не треба да гори пластика или гума.

Во 21 век со печките на дрва, бутај внатре што стигнеш, оти нели ние не знаеме за алтернативи за затоплување, немаме друг начин, ние ништо кутрите не знаеме, а архива со записи кој кога оди од дома и се враќа во цело соседство имаме. Тоа све ние си знаеме.

Не знаеме ние што е тоа ПМ честички, има таму влада нека не спасува, си има луѓе што учеле факултетити за тоа.

Ние не проверуваме податоци за тоа колку е загаден воздухот, ама затоа најчитани вести у Македонија се за полуписмена багра од соседска турбофолк естрада и за тоа дали и кој носи, какви гаќички.

Носењето или неносењето гаќи во опкружувањето на еден полусвет е од круцијално значење за опстанокот на генерацијата и благосостојбата на нашата заедница.

Не можеме да дишеме слободно, пошто не можеме ни прозори да отвориме. Штом отвориш прозор го гледаш голиот гз на комшијата у шоља.

Испопикани сме како во глувчешка дупка. Само никнуваат згради и куќи, без никаков урбанистички план.

Без никаква свест за организација на урбан простор, без никаква свест за функционалност, за естетика и да не зборуваме. Ние не се грижиме за тоа како ќе преживееме, а не па дали нешто е убаво или го личи. Убавината е светлосни години далеку од нашите восприемачки капацитети.

Урбана мафија си владее, се гради без никакви стандарди, еден ден тоа може да не испоубие, ама „Не дал Бог“, пу пу да си чукнеш во дрво. Оти ако се случи земјотрес и се урне зграда, од Господ бељата, не е до инвеститорот што не испочитувал сеизмолошки правила и поткупил инспекции да му дадат одобрение за работа.

Провев немаме, немаме веќе од каде возух да земеме, ќе престанеме да дишеме. Здравјето ни е загрозено, животот ни е загрозен, ама добро е дури има леб и игри нема проблем. Платежни картички од влада, море што убаво дојдоа си напунивме фрижидерот, па си јадеме цело време пред телевизот дури гледаме турски серии.

Ефтина храна и ефтина забава, ефтин народ, поткупниви души.

Простотилук и лижење на гзови еден ден ќе не испоубие, сите, ама буквално.

Нема да не сотрат ниту Грците, ниту Бугарите, ниту Србите, ниту Албанците, ниту масоните, ни вонземјани, ни црни магии.

Ништо за Македонците не чини зло, освен самите тие!

Автор: Магдалена Стојмановиќ/Мој збор



Слични Објави