МАСАКРИ И МАСАКРИ-ИЗВИНИ И ИЗВИНИ

//

Деновиве е модерно да се биде великопатриот, или како што би рекол еден мој пријател, затоа што во некое идно време, коа ќе дојде народна власт, ќе се гледа кој како се поставувал, кој ќутел, кој зборувал гласно…

Па еве и јас да се приклучам во тие повици за барања за извинувања кон злоделата што биле правени. За да си фатам ред и да си бидам на чисто…

Гледам дека особено се акцентира моментот во кој се бара извинувања од денешна Бугарија за периодот од Втората Светска Војна, а како најексплицитен пример се посочува масакрот кај Ваташа. Да дошол овој, да се извинел оној, да се признаело ова, да се направело она… Се само жед за одмазда…

И, кога тие повици доаѓаат од фејсбукопатриоти и можам да ги разберам. Тоа се обично лица кои се знаат, пошто така прочитале на интернет. Но кога вакви ставови ќе доаѓаат од политички фактори, а особено историчари, интелктуалци, тогаш поприлично е сериозна работава, затоа што тоа во секоја смисла е тенденциозно општо генерирана состојба на деструкција.

Историчарите имаат одговорност да објаснат дека Случајот Ваташа е затворен во сите аспекти уште во 1945 година и тоа со правна процедура во која е задволена правдата, а не речиси 80 години подоцна од затворено прашање да подгреваат и создава политичко национален проблем. На тоа треба да ја потсетат и јавноста, а особено денешната политика. Спомените остануваат, но тие се лекција за иднината, а не амбиент за омраза во која ќе се одгледуваат генерации и генерации.

Љубен Апостолов, полковник на Бугарската армија, инаку од Крива Паланка, директно одговорен за масакрот, но и останатите одговорни, капетан Борис Жеглов, поручник Костов и подофицер Петко Опреков, се осудени на смрт. Апостолов и другите се судени во Македонија, откако бугарските власти ги апсат во Бугарија и ги предаваат на тогашните власти во Македонија.

Паралелно, историчарите имаат одговорност да кажат дека за настаните во кои има невини жртви во Втората Светска Војна, Бугарија се има извинето уште во 1945/46 година и тоа од официјални бугарски министри генрали по посетите и во Македонија, но и во Југиославија. Еден од нив е и Добри Колев Терпешев, генерал на бугарската армија и после министер за Труд и социјална политика.

Како денешна Бугарија гледа на тој период е друга тема, но тоа е внатрешно прашање на Бугарија, исто како што е внатрешно прашање на Македонија сериозно да погледне во историските факти за периодот на Втората Светска Војна, периодот пред и периодот по нејзе.



Ако ова е јасно, еве сега на пример и јас да прашам кој и кога ќе се извини за едни други масакри во Македонија врз невини лица.

Кој и кога ќе се извини за масакрот на петте струмички студенти од 13 август 1951 година, убиени на Беласица? Од кого да бараме извинување? Кога првадата ќе биде задоволена за овој случај?

Кој и кога ќе се извини за најсвирепиот масакар во историјата на Македонија во последните 200 години од 15 јануари 1945 година во близина на Велес. 53 затвореници извадени од затвор и ликвидирани и закопани без трага и глас? Масовната гробница е пронајдена во 1996 година. Кој и кога ќе одговара за тоа?

Кој да се извини за отсечените глави во речиси секој град на Македонија од 1946 до негде 1951 година преку ноќ на лица за кои некој и некаде посочил дека не се лојални на властите? Која власт треба да одговара за тоа?

Кој и кога ќе се извини за Голи Оток?

Кој и кога ќе се извини…. И дали воопшто ќе се извини?

Facebook статус на Марјан Николовски



Претходна статија

ВМРО-ДПМНЕ СО НАД 500 АМАНДМАНИ БЛОКИРА ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА (ВИДЕО)

Следна статија

ПО КОЈ КРИТЕРИУМ КРИМИНАЛИТЕ НА СДСМ СЕ ПОМАЛИ ОД ТИЕ НА ВМРО-ДПМНЕ?

Најново од Истакнато

(Видео) Мајор од ОЗНА од кратовското село Филиповци раскажува за времето после 6 април 1941 г.: Германците дојдоа и си заминаа, Бугарите не вршеа убиства и малтретирања, партизаните ги знаевме како шумкари

„Населението кај нас нема претрпено многу страдање после 6 април 1941 година. Германците дојдоа во Македонија,