| |

Меѓународна конференција „Бугарија во Шенген“ ќе се одржи во Софија

Во Софија денеска ќе се одржи меѓународната конференција „Бугарија во Шенген“, посветена на 40-годишнината од потпишувањето на Шенгенската спогодба, јавува БГНЕС. Настанот е дел од серијата активности на Европската унија кои го одбележуваат овој значаен јубилеј.

Конференцијата ќе ја отвори министерот за внатрешни работи на Бугарија, Даниел Митов. На собирот ќе присуствуваат претставници на бугарските безбедносни и полициски институции, партнери од соседните држави членки на Шенген-зоната, како и претставници на европски агенции, меѓународни организации и невладини структури.

Во рамките на конференцијата ќе се одржат неколку панел дискусии посветени на компензациските мерки на национално и билатерално ниво, на соработката со агенциите на ЕУ и трети земји, како и на примената на иновативни решенија и предизвиците што ги носат дигитализацијата и вештачката интелигенција. Посебно внимание ќе биде посветено и на заедничките напори за спречување на трансграничниот криминал.

Настанот се реализира со неповратна финансиска поддршка од Европската комисија преку Инструментот за управување со границите и визна политика 2021–2027 година.



Слични Објави