МИЦКОСКИ ЗА ПОМОШТА ОД УНГАРИЈА: ПРИЈАТЕЛИТЕ СЕ ПОЗНАВААТ ВО ТЕШКИТЕ МОМЕНТИ

/

„Сакам да испратам посебна благодарност до унгарската влада која во овие тешки моменти за сите, одвои средства и испрати помош за македонските граѓани. Денеска пристигнува Унгарскиот министер за надворешни работи и голем пријател на Македонија, Петер Сијарто заедно со пакети помош составена од маски и медицински заштитни одела за луѓето во првата линија во борба против пандемијата. Благодарност до премиерот Виктор Орбан и до целата влада од која минатата недела побарав, а денес испорача помош значајна за нашите луѓе кои се борат да спасат животи.
Воедно благодарност што во услови на затворени граници, ова ќе биде прва официјална посета на земја членка на ЕУ во овие кризни времиња. Пријателите се познаваат во тешките моменти. Истовремено ќе продолжам да лобирам, остварувам контакти и во рамките на можностите да барам помош за нашата земја. Благодарност и до вистинските херои кои се борат на дневна основа за нашето заедничко здравје. Сакам да соопштам дека многу брзо ќе поднесеме и уредба до владата за парична награда за оние кои се вклучени во заштитата на здравјето и борбата против короната. Потребна е поддршка и заедничка грижа за хероите. Се надевам дека целата влада ќе ја поддржат иницијативата, но уште поважно, така заеднички ќе испратиме благодарност до оние кои се вложуваат себе си, за сите нас!“, стои во објавата на официјалната facebook страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.



Претходна статија

ЗА МИЛЕНКО И МИРКА ЕУ НЕ ЧИНИ, НО И ПОКРАЈ ТОА ПОВЕЌЕ ОД 70 ИЛЈАДИ МАКЕДОНЦИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 10 ГОДИНИ ЗЕМАЛЕ ДРЖАВЈАНСТВА НА ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ

Следна статија

СРЕДА НЕРАБОТЕН ДЕН ЗА РОМИТЕ

Најново од Вести