Мијалков и Јанкулоска денес на суд за масовното прислушување

//

За денес во Основниот суд Скопје 1 е закажано судењето за случајот „Таргет-Тврдина” во кој за аферата со масовното прислушување обвинети се поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Заедно со нив СЈО во овој предмет гони уште десет лица.

Минатото рочиште се одложи по барање на одбраната, а Јанкулоска и Мијалков доставиле докази во судот. Во изјава за медиумите Мијалков не сакаше да открие за какви докази се работи. Тој пред медиумите само кусо одговори дека сѐ уште е рано за тоа. Од судијката, Мијалков и Јанкулоска побараа да не бидат снимани и фотографирани во судница со образложение дека треба да им се почитува правото на презумција на невиност. (Прочитајте го целиот напис овде)



Претходна статија

Магла и дожд на неколку патни правци

Следна статија

Уапсен агент на ЦИА – продавал тајни на Кина

Најново од Вести