МИЛЕНКО ОД АЛИ ЕКСПРЕС

//

Ќе умреме сите и нема да има од каде разно-разните директорчиња кои си играат „пиши-бриши“ на социјалните мрежи, да земаат плата, оти нема да има кој да плаќа даноци…

Директорчето се вика Аднан Џафероски и одговара за Дирекцијата за заштита и спасување, ем треба да штити и спасува, ем им посакува смрт на неговите неистомисленици, интересесна ситуација нели? Македонија го доби својот Миленко, испорачан по Али Експрес, со таа разлика што овој Миленко, е вршител на јавна функција, а оној оригиналнион е новинар во обид и козар што гледа шарпланинци, и кога он ќе посака смрт некому и не е толку страшно. Сепак не е на терет на буџетот, што го полнат тие што треба да умрат.

Таман си помислив дека Тричко ја доби својата достојна замена од редовите на владејачката партија, кога еден мој многу драг човек ме информира дека бледата копија на Миленко го избришала спорниот статус. Бате, кога сакаш да играш валкано, јајцата треба да се од титаниум, социјалните мрежи и нивното влијание никако не се за потценување. Џафероски не ни им остави простор на редовните адвокати на „ироничното“ посакување смрт некому, да почнат да го бранат. Му се јавиле од партија, му здожежало и ооооп избришал. Е не може така бато, тоа што ќе си го надробиш ќе си го изедеш како муж и без повлекување. Земи пример од Миленко, тој еден куп срања објавил кај него на профил, ама не знам да повлекол нешто. Баш поради таа причина г-не директор, колку и потсвесно да сакате да заличите на козарот, вие можете да бидете само негова евтина копија. Тоа и не е многу за фалење.

Сега на потег е Јавното обвинителство. Јас бев еден од тие што искрено се израдуваа кога ја дознаа веста дека ќе се отвори истрага за ширење на говор на омраза во однос на пожарите во Грција, бидејќи конечно си помислив дека Неделковски си го најде мајсторот, ама ете со ваквите испади, истите тие што тој најредовно ги плука, по ништо не се разликуваат од него. Истото ниско и бедно ниво, а демек за поарно се боревме да биде. Ништо од надежта, да не се лажеме. И овие сега и оние пред нив се исти копуци. Дај им фотеља и гледај им го сеирот. Јавното обвинителство треба да се активира за да не се најдеме во ситуација: сите сме зелени, ама едни се малку потемно зелени. Како беше митот, пред законот сите сме рамни…?

Јас сум свесен дека овој испад на новото директорче на Дирекцијата за заштита и спасување ќе помине онака меѓу капките, ама воедно со тоа и сум сигурен дека баш поради  тоа, функционерите, без разлика од каде доаѓаат,  ќе продолжат да се однесуваат како партиски измеќари, недопирливи од законот. Така во Европа не се оди, па и триста референдуми да ви поминат успешно, господа од новата владејачка гарнитура.



Автор: Батко Тане



Претходна статија

EURONEWS: БУГАРСКАТА ЕКОНОМИЈА РАСТЕ СО ЗАЧУДУВАЧКИ ТЕМПОВИ

Следна статија

ВМРО ДПМНЕ : СРАМНО Е МВР ДА НЕ ЗНАЕ ШТО БАРА НИВНО СЛУЖБЕНО ВОЗИЛО ВО ГРЦИЈА

Најново од Истакнато

Познатите бугарски новинари Милена Милотинова и Александар Марков добија награди за целосен придонес кон бугарското новинарство

Бугарската фондација ,,Димитар Цонев” награди двајца заслужни претставници на бугарската новинарска фела, познатата новинарка Милена Милотинова