НБА ДАДЕ ДОЗВОЛА: КЛУБОВИТЕ МОЖЕ ДА ЈА НАМАЛАТ ИЛИ „ЗАМРЗНАТ“ ПЛАТАТА НА КОШАРКАРИТЕ

/

Раководството на НБА-лигата неодамна реши да го прекине натпреварувањето откако беа заразени првите двајца кошаркари со коронавирус, па засега не е познато кога би продолжиле натпреварите, а притоа кошаркарската лига е во голема загуба.

Клубовите немаат начин како да заработат доволно пари за да ги платат кошаркарите, како и вработените во клубот, а познатиот новинар Адријан Војнаровски откри дека клубовите веќе имаат некакви планови.

Договорено било платите за март да бидат исплатени во целост, по што не е познато што ќе се случи. НБА-лигата испратила дозвола до клубовите, со која наводно им се дава право да ги намалат или целосно да им се скратат платите на кошаркарите.



Американските медиуми пишуваат дека најпрво платите ќе бидат намалени, а доколку кризата продолжи, тогаш би можеле и целосно да бидат скратени.

Извор: Спорт1



Претходна статија

ПРВА ЖРТВА ОД КОРОНАВИРУСОТ ВО ИЗРАЕЛ

Следна статија

СРБИЈА: ОД СИНОЌА 14 НОВОЗАРАЗЕНИ ЛИЦА СО КОРОНАВИРУС

Најново од Вести