Неколку прашања со познат одговор

//

Пишува: Љупчо Куртелов

Дали здруженијата „Иван Михајлов“ од Битола и „Цар Борис III“ од Охрид, се регистрирани според важечката законска регулатива во РС Македонија? – ДА!

Дали направиле нешто незаконско во нивните минати активности? – НЕ!

Дали е правно издржано да се носат закони со ретроактивно дејство? – НЕ!

Дали популарниот пејач и пироман во слободно време, Ламбе Алабакоски, ќе беше осуден на бедни 6 месеци условна казна доколку се обидеше да запали владина институција? – најверојатно НЕ!

Дали е преземена правна постапка против (првиот) напаѓач на клубот „Цар Борис III“? И до каде е стигната истата?

Дали полицијата работи на разрешување на вториот и особено третиот напад (вооружен напад) врз истиот клуб?

Најверојатно нема да ги најде, во спротивно тие ќе бидат новите македонски „херои“, а тоа е спротивно на европските принципи што ние (декларативно) ги прокламираме.

ПП: За многумина во Македонија имињата на споменатите здруженија предизвикуваат разочарување, но ова е субјективно гледање на историските настани.

Исто како што на многумина во Македонија им пречат имињата на улици, училишта…именувани на Ј.Б. Тито, истиот тој што во 1948 година ја затвори границата со Грција и се солидаризираше со монархофашистите, па нашите бежанци, спасот го бараа преку Албанија во Полска, Чехословачка, Узбекистан…



Претходна статија

Историскиот музеј во Благоевград ќе претстави две монографии, за ВМРО и за улогата на активните жени во бугарските заедници во Македонија и Одринска Тракија

Следна статија

Во Софија се одржува Тркалезна маса за бугарското културно и историско наследство во регионот Западен Балкан

Најново од Ваш став