ОД ДЕНЕСКА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ОД 23 ЧАСОТ, УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ ЌЕ РАБОТАТ ДО 22 И 30
По препорака на Комисијата за заразни болести, поради намалување на новозаболените во земјава, Владата донесе одлука наместо од 21:00 часот, полицискиот час од денеска да започнува од 23:00 и да трае до 05:00 часот.
На вчерашната седница Владата донесе одлука и за измена на работно време на угостителските објекти, односно од денеска тие ќе бидат отворени до 22:30 часот и тоа само на отворените делови, тераси, на угостителските објекти, како што е утврдено со постојните мерки и наменски протоколи.
Комисијата за заразни болести дополнително предложи, а Владата на седницата прифати воведување мерка за задолжителна самоизолација (карантин) во траење од 14 дена за сите домашни и странски физички лица – патници кои пристигнуваат од Индија и Бразил заради спречување на ширење на новите соеви на болеста.
Се уште остануваат во сила сите останати рестрикции со цел заштита на граѓаните од пандемијата.
