|

Одбележуваме 119 години од смртта на војводата Леонид Јанков

На 2-ри септември 1905 загинува прочуениот војвода на ВМОРО – ЛЕОНИД ТРАЈКОВ ЈАНКОВ.

Рден е 1878 г. во гевгелиското село Мачуково. Тој станува член на ВМОРО уште во 1895 г., наскоро после создавањето на револуционерниот комитет во родното село. Татко му Трајко Јанков е сред првите посветени во ослободителната идеја. По завршувањето на основното образование Леонид започнува да помага во селскостопанската работа, но има поголема наклоност кон пушката. И затоа бара занимање, сврзано со правото да носи оружје, како што е падарската служба. Обиколувајќи вооружен по полето, тој можел, без да побудува сомнение и со помал ризик да исполнува и курирски задачи.

Неговите доблести на храбар, искусен и одговорен кон делото младеж не остават незабележани и скоро тој е определен за раководител на месната организација.

Точно во тоа време четата на кукушкиот околиски војвода Христо Чернопеев од Ловеч е предадена и опкружена в с. Бајалци, недалеку од Мачуково. Комитите влегуват во целодневна борба, соборуват 30 аскерлии, но дават и седум жртви. Турските власти се бесни и веднаш преземат масовни апсења, при кои што е фатен и Леонид Јанков. Сите задржани се осудени на различни рокови затвор. По 6 месеци Леонид е пуштен од зандана и првата работа му е да отстрани еден од шпионите, предавникот Ристо Дојчинов.

Со тоа тој става крај на легалниот живот и се префрла во околиската чета, за војвода на која што токушто е назначен Аргир Манасиев. Тој е брат на мајка му Ката. Познавајќи ги способностите и доблестите на својот помлад роднина, Манасиев му ја поверува должноста десетар. И не згрешил во изборот, затоа што како во сите битки Леонид се пројавува со својата висока дисциплина и тврдост, се бие како лав. А и како подвојвода не само што ги привлекува со личниот пример останатите, но успева да ги извлече и од најсложни ситуации. Од тука натаму нема акција или битка на четата, во кои што Л. Јанков да не учествува. За време на Илинденското востание тој пак е во првите редици на сите бојни акции, секогаш се бори во најзастрашените сектори. Во есента на 1903 г., после крајот на востанието, се префрла со поголемиот дел од гевгелиската чета во Бугарија.

Се враќа во Повардарието во зимата на 1904 г. Уште со пристигањето веднаш се вклучува во обновувањето на разстроената револуционерна мрежа, така што постојано ги обиколува и организира селата по левиот брег на Вардар.

Од 1904 и 1905 г. револуционерната организација е принудена да води борба на два фронта – против вековниот потисник – турскиот тирански систем и против грчките вооружени чети, андартите, сојузници на османска Турција. Покрај сложната стуација воените единици на ВМОРО дават решителен отпор и на православните предавници.

Годината 1905-та е мошне несреќна за ВМОРО како резултат на решителните мерки, кои што ги зема Хусеин Хилмипаша за справување со четничкото движење. Разбиен е одредот на Лидо Бабјански, разбиени се четите на Сава Михајлов и Апостол војвода. Загинва и прославениот војвода Ванчо Карасулски. Во това време Леонид војвода продолжува да дејствува по левиот брег на Вардар. Тој се движи со двата другари – Михаил Таушанов и Томе Донов. Постојаното присуство на турски војни единици ги тера често да се местат, за да не бидат откриени. Повеќе време се задржват в местноста Ѓуров дол во атарот на с. Ѓавото, каде што направиле скривалиште во честакот, заслонето од висока карпа. Заради реалната опасност да бидат изненадани од војската околиското началство на организацијата изпраќа по курир писмо до Леонид да се оддалечат од Ѓуров дол.

За несреќа курирот бил претресен от турски цариници,

кои што барале кај патниците недеклариран тутун, и го наоѓат шифрираното писмо. Во полициската станица писмото е делумно дешифрирано. Точно во разчитаниот дел се спомнувало името на Леонид војвода и местноста Ѓуров дол. Така сосем случајно властите попаѓат на сигурна трага за местоположбата на страшилиштето Леонид, наречен од народот ЛАВ БАЛКАНСКИ. Кон Гевгелиот аскер се присоединуват редовните единици од гарнизоните во Струмица и Дојран. Армиските единици се насочват кон Ѓуров дол, но откако основно го претресват и не ги откриват комитите, офицерите дават заповед да се свири повлекување. Сите војници тргнуват да се извлечат. Но двајца од нив решават да си наберат смокви, кои ги има во изобилие наоколу, и заостнават од другите. Откако лекомислено ги остават торбите и пушките на земјата, тие се качват на едно дрво, натрупано со зрели плодови. Тоа не побегнало од вниманието на скриениот наблизу Леонид и тој решава по секоја цена да се добере до оставените без надзор маузерки, толку нужни за неговата чета.

Што точно презел искусниот војвода, не можеме да знаеме, но бил забележан от двјцата војници, затоа што со два последователни истрели ги соборил од смоквата. Истрелите од манлихерова пушка веднаш биле разпознати од турските офицери и веднаш била дадена нова команда – војската да се врати и да го претреси одново Ѓуров дол. Така покрај убиените војници Турците ги откриват и комитите.

Се зафати неравна битка – Леонид војвода и неговите двајца другари против триилјадниот аскер. По настапувањето на густа маса редовна војска кон местото на бојот се собрал и многоброен башибозук. Но драматичните околности не повлијават суштествено на борбениот дух на трите комити. Од нивните точни погодоци паѓат неколку десетици аскерлии. По неколку часа битка и двата другари на Леонид загинват. Тој ги прибира патроните на загинатите и ја продолжува битката, така што постојано ја сменва својата позиција, за да ја поддржува илузијата, дека не е сам.

Кога мунициите почнале да привршуват преминал кон поретка стрелба, турските офицери му предложиле да се предаде со ветување, дека животот ќе му биде гарантиран.

Гледајќи, дека остана без патрони, Леонид подига бела крпа, заврзана на пушката, давајќи вид, дека се предава.

Еден од војниците, кој бил најблизу до војводата, соблазнат од очекуваната награда, се спуштил да го фати, но на три чекори од Леонид паднал погоден од истрелот на револверот. Пргавиот војвода брзо го обезоружил, му ги симнал торбите со патрони и ја подновил битката, која што продолжила речиси до темница.

Откако свршват патроните, Леонид извиква на командантот на турските потери да се приближи, за да ги договорат условите за предавање. Офицерот со готовност примил да преговара, но гледајќии го пред себе си војводата како се лула од истоштување, окрвавен и исчаден од барут, се обидел да го фати жив. Славниот јунак Леонид Јанков, без да трепне, го подигнал револверот и ги изстрелал ладнокрвно последните два куршума – првиот во турскиот офицер, а со последниот ставил крај на херојскиот живот.

Турските власти во Гевгелија, воспитани во патриархалната традиција на нивното племе да се уважава силниот и достоен противник, се однесуват со необходното уважување кон паметта на војводата.

На 2-ри септември 1905 г. телото му е изложено во дворот на околиската управа.

Кајмакамот лично се заинтересирал која е мајката на тој јунак и се поклонил пред баба Ката с зборовите: „Алал да ти е млекото, со кое што си го надоила тој твој јуначен син!“. По пладне мртвото тело на херојот е предадено на Бугарската црковна обштина, за да биде опеано по христијански обичај и погребано по православниот канон. На погребот се собира целото Бугарско население на Гевгелија, како и многу народ од блиските Бугарски села. Тлените останки на љубимиот војвода се положени во Бугарските гробишта до црквата „Свети Спас“. Гробот на Леонид е грижливо поддржан од месното население до 1912 г., до идењето на Србите во Македонија. Во периодот од 1924 до 1934 г. србскиот кралскиот режим забранува секакви посети на неговиот гроба. Уште повеќе, гробот е осквернет и надгробниот камен крст е разбиен од србскиот поп Драгољуб Михајлович.

Во 2002 г. вечното живеалиште на народниот херој е поправено и надгробниот надпис е обновен.

ГИ ПОМНИМЕ ВАШИТЕ ДЕЛА, Иван Бабев

Слични Објави