Перење мозок
Тони Коцев
Манипулирање на ТВ гледачите со цел сугестија за начинот на размислување . Многу од македонските ТВ јавуваат дека владата во Бугарија – НАЈСИРОМАШНАТА земја во Европа паднала . Да , точно е дека бугарската влада поднесе оставка , но каде е манипулацијата ?
Телевизиите го поврзуваат настанот ( пад на влада ) со негативен атрибут ( најсиромашната држава ) , сугерирајки им на гледачите емоција на супериорност и задоволство , та дури презир и потсмев кон омразените Бугари . Наместо телевизиите да објаснат зошто паднала владата , тие ја потенцираат сиромаштијата како причина!
Кратка споредба за сиромштијата помеѓу Македонија и Бугарија : Економијата на Бугарија за 2024 г, – 112 милијарди долари , на Македонија 17 милијарди . По глава на жител , Бугарија 17 500 долари , Македонија 9300 долари . И така , мили Македонци – ние не сакаме нас да ни е подобро , поважно ни е на Бугарите да им е полошо.


